← Zephaniah (2/3) → |
1. | Приберете се, приберете се внимателно, народи необуздани, |
2. | додека уште не е дојден судот - денот ке мине како трици, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господен, додека не настапил денот на јароста Господова. |
3. | Побарајте го Господа, сите смирени на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте го смирението; можеби ке се сокриете во денот на гневот Господен. |
4. | Оти Газа ке биде напуштена и Аскалон ке запусти, Азот ке биде изгонет среде ден, а Екрон ке се искорени. |
5. | Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е врз вас, Хананејци, земјо Филистејска! Јас ке те истребам, и во тебе нема да има жители, - |
6. | па ке стане приморскиот крај овчарска кошара и ограда за добиток. |
7. | И тој крај ке му се падне на остатокот од домот Јудин, и ке пасат таму и во куките на Аскалон вечерта ке ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ке ги посети и ке им го поврати пленот одземен од нив. |
8. | Го чув хулењето од Моава и навредите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови, |
9. | Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израилев: Моав ке биде како Содом, и синовите на Амона ке бидат како Гомор, замја на коприви, соларник, пустиња за навек; остатокот од Мојот народ ке ги плени, и оние што ке останат од Мојот народ, ке ги наследи. |
10. | Тоа ке им биде за гордоста нивна, оти се подигруваа и се ширеа над народот на Господа Саваот. |
11. | Страшен ке биде за нив Господ: Он ке ги истреби сите земни богови, и Нему ке Му се поклонат - сите од своите места, сите острови на народите. |
12. | И вие, Етиопјани, ке бидете поразени од Мојот меч. |
13. | Господ ке ја протегне раката своја на север, ке го уништи Асур, а Ниневија ке ја претвори во урнатина, во место суво како пустиња, |
14. | и стада ке лежат по неа и секаков вид животни: пеликан и еж ке нокеваат во резбите и украсите; гласот нивни ке се разнесува низ прозорците, уривањето ке се покаже на столбовите од вратите, зашто на нив нема да има облоги од кедар. |
15. | Ете, што ке стане прочуениот град, кој живееше безгрижно и во срцето свое си вели: "Јас сум и нема друг освен мене." Како ке стане урнатина, легло за sверови! И секој што ке помине покрај него, ке потсвирне и ке мавне со раката. |
← Zephaniah (2/3) → |