Zephaniah (1/3) → |
1. | Словото Господово упатено до Софонија, синот на Хусија, син Годолиев, син Амориев, син Езекиин, во деновите на Јосија, син Амонов, цар јудејски. |
2. | Се ке истребам од земјата - вели Господ; |
3. | ке ги збришам лу ето и добитокот, ке ги истребам птиците небески и рибите морски и соблазните заедно со безбожниците; ке ги истребам лу ето од лицето на земјата, вели Господ. |
4. | И ке ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ке ги истребам од тоа место остатоците на Ваала, името на жреците со свештениците, |
5. | и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Господа и се колнат во својот цар, |
6. | како и оние, што отстапија од Господа, не Го бараат Господа ниту прашуваат за Него. |
7. | Замолкни пред лицето на Господа Бога, зашто близу е денот Господен. Веке го приготви Господ жртвеното клање, определи и кого да повика. |
8. | Во денот на жртвата Господова Јас ке ги посетам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во облеки на другоплеменици; |
9. | ке ги посетам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насилство и измама. |
10. | И во тој ден, вели Господ, ке има вик при Рибните порти и ридање при другите порти, а и големо уривање на ридови. |
11. | Плачете жители од долниот дел на градот, оти ке исчезнат сите трговци; истребени ке бидат сите што носат сребро. |
12. | А во тоа време Јас ке го разгледам Ерусалим со светило и ке ги казнам оние, кои седат на своите стражарски места и велат во срцето свое: "Господ не прави ни добро ни лошо"; |
13. | пак ке станат богатствата нивни пљачка и куките нивни ке се запустат, и нема да живеат во нив; и ке насадат лоза, но вино нема да пијат од неа. |
14. | Близу е денот велик на Господа, близу е - и многу брза: веке и се слуша гласот на денот Господен. Со горчина ке завика тогаш дури и најхрабриот. |
15. | Тој ден е ден на гневот, ден на жалост и на тескоба, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив, |
16. | ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули. |
17. | И Јас ке ги притеснам лу ето, и тие ке одат како слепи, оти згрешија против Господа, и растурена ке биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет. |
18. | Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ке може да ги спаси во денот на гневот Господен, а од огнот на ревноста Негова ке биде уништена таа земја, и тоа ке биде ненадеен крај на сите жители нејзини. |
Zephaniah (1/3) → |