← Zechariah (9/14) → |
1. | Пророчкото слово на Господа е против земјата Хадрах, и во Дамаск ке се задржи, зашто окото Господово ги набљудува сите лу е, како и сите колена Израилеви; |
2. | тоа е и врз Емат, кој се граничи со него, и е врз Тир и Сидон, оти тие станале многу лукави. |
3. | Тир изградил тврдина, натрупал сребро како прашина, и злато како улична кал. |
4. | И, ете, Господ ке го направи беден и ке му ја скрши силата негова во морето, а и самиот ке биде истребен со оган. |
5. | Тоа ке го види Аскалон, и ке се уплаши, а и Газа - па и таа ке затрепери многу, и Екрон, оти ке се засрами надежта негова: нема да има цар во Газа, и Аскалон нема да се насели. |
6. | Ту о племе ке живее во Азот, и Јас ке ја уништам гордоста на Филистејците. |
7. | Kе ја извлечам крвта од устата нивна, нечистотијата од забите нивни и тие ке паднат пред нашиот Бог и ке бидат како иљаданачалници во Јудеја, а Екрон ке биде како Јевусеј. |
8. | Kе поставам стража околу Мојот дом спроти војската, спроти оние, кои преминуваат натаму и наваму, и нема повеке да доа а непријател; оти сега Јас ке го гледам со очите Свои. |
9. | Ликувај од радост, керко Сионова, извикувај, керко ерусалимска; ете, Царот твој доа а при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата. |
10. | Тогаш ке ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ке се скрши убојниот лак; и Он ке објави мир на народите, и царството Негово ке се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата. |
11. | А што се однесува до тебе, Израиле, заради крвта на заветот Јас ги пуштив затворените од ровот, каде што нема вода. |
12. | Вракајте се во тврдината вие затворените, кои се надевате! А сега што ке воспоставам, ке ти дадам двојно. |
13. | Зашто како лак ке го затегнам Јуда и лакот ке го наполнам со Ефрема, па ке ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Еладо и тебе ке те направам како меч јуначки. |
14. | Kе се појави над нив Господ и како молскавица ке излета стрелата Негова; ке загрми Господ Бог со трубата и ке појде кон јужните бури со гласот на гневот Свој. |
15. | Господ Саваот ке ги брани, и тие ке истребуваат и ке ги газат дури и камењата за праки; ке пијат крв како вино; и ке се наполнат како жртвени чаши, како аглите на жртвеникот. |
16. | И ке ги спаси нивниот Господ Бог во оној ден, како стадо од Својот народ; оти тие ке заблескаат како камења на круна во земјата Негова. |
17. | О, колку голема ке биде добротата негова и каква ке биде убавината негова. Житото ке ги весели момците, и виното девојките. |
← Zechariah (9/14) → |