← Zechariah (8/14) → |
1. | И пак дојде слово од Господа Саваота: |
2. | вака вели Господ Саваот: "Ревнував за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев ревнував за него". |
3. | Така вели Господ: "Kе се обрнам кон Сион и ке живеам во Ерусалим, и Ерусалим ке се вика град на вистината, и гората на Господа Саваота ке се вика - Света Гора". |
4. | Така вели Господ Саваот - "И пак старци и старички ке седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради напреднатата возраст своја. |
5. | А и улиците на тој град ке се исполнат со момчиња и девојки, кои ке си играат по улиците негови". |
6. | Вака вели Господ Саваот: "Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ке биде тоа чудно и во очите Мои?" - вели Господ Саваот. |
7. | Вака вели Господ Саваот: "Ете, Јас ке го спасам Својот народ од источната страна и од западната; |
8. | ке ги доведам, и тие ке живеат во Ерусалим и ке бидат Мој народ, и Јас ке им бидам нивни Бог, во вистина и во правда". |
9. | Така вели Господ Саваот: "Поткрепете ги сега рацете свои вие, што ги слушате овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господа Саваота, за да се изгради храмот. |
10. | Оти пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доа аше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек. |
11. | А сега за остатокот од овој народ Јас не сум веке таков како во поранешните денови" - вели Господ Саваот. |
12. | Зашто селидбата ке се врши во мир, лозата ке го даде својот плод, замјата ке го даде својот род, а и небесата ке ја даваат својата роса; и сето тоа ке го предадам на остатокот од овој народ. |
13. | И како што вие, доме Јудин и доме Израилев, бевте проколнати ме у народите, така ке ве избавам, и вие ке бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат!" |
14. | Оти така вели Господ Саваот: "Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме прогневуваа - вели Господ Саваот - и не зажалив, |
15. | така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не бојте се! |
16. | Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете при портите ваши. |
17. | Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и на посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам - говори Господ Севишниот. |
18. | И би слово до мене од Господа Саваота: |
19. | Вака вели Господ Саваот: "Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ке бидат радост и голема веселба, сакајте ги вистината и мирот". |
20. | Така вели Господ Саваот: "Уште ке доа аат народи и жители од многу градови, |
21. | и ке дојдат жителите од еден град при жителите во друг град, - па ке речат: да дојдеме да се помолиме пред лицето на Господа и да Го побараме Господа Саваота; тогаш секој ке рече - ке појдам и јас. |
22. | И ке доа аат многу племиња и народи силни, за да го бараат Господа Саваота во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господа. |
23. | Така вели Господ Саваот: "Во тие дни ке се факаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ке речат - ке појдеме со тебе, оти чувме дека Бог е со вас". |
← Zechariah (8/14) → |