← Zechariah (7/14) → |
1. | Во четвртата година на царот Дарија би слово Господово кон Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец - Хаслев, |
2. | кога Ветил ги испрати Сарацера и Регемелеха и придружниците нивни за да се помолат пред лицето на Господа |
3. | и да ги прашаат свештениците, што се нао аа во домот на Господа Саваот, и пророците, па да прашаат: ‘да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веке многу години?‘ |
4. | И би слово на Господа Саваот до мене: |
5. | ‘Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене? |
6. | И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘ |
7. | Зар истите зборови не ги кажуваше Господ преку поранишните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него, јужната страна и низината, кога беа населени?‘ |
8. | И би слово Господово до Захарија: |
9. | вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство кон својот брат; |
10. | вдовици и сираци, придојден и сиромав не злоставувајте и не мислите зло во срцата ваши еден против друг. |
11. | Но тие на сакаа да слушаат, и се одвратија од Мене; и ушите ги затнаа за да не слушаат. |
12. | И срцето го скаменија, за да не го пазат законот и зборовите што ги испракаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господа Саваот. |
13. | И како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот. |
14. | па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не одеше ни напред ни назад по неа, и тие саканата земја ја претворија во пустиња. |
← Zechariah (7/14) → |