← Zechariah (6/14) → |
1. | Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, излегуваат четири коли со коњи од еден дол ме у две планини, а тие планини беа од бакар. |
2. | Кај првата кола коњите беа црвеникави, кај втората црни; |
3. | кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола - сиви и силни. |
4. | Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: "А што значи ова, господине мој?" |
5. | Ангелот одговори и ми рече: тоа се четирите небесни духа, кои излегуваат да се претстават пред Господа над целата земја. |
6. | Враните коњи излегуваа кон северната страна, а белите одеа по нив, додека сивите коњи одеа кон јужната страна. |
7. | Излегоа и силните, па се впуштија да ја обиколат земјата; и он им рече: ‘обиколете ја земјата, и тие ја обиколија. |
8. | Тогаш тој ме повика и ми рече: ете, оние што отидоа кон северната страна, го успокоија духот Мој против северната страна. |
9. | И пак би слово Господово до мене: |
10. | земи од дојдените робја, од Халдеја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јосија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон. |
11. | Земи од нив сребро и злато, па направи венци, и стави ги на главата на Исуса, синот Јоседеков, големиот архиереј, |
12. | и речи им: вака вели Господ Саваот: "Ете, маж, името Негово е Зачетник, "Он ке израсне од коренот свој и ке создаде храм Господен. |
13. | Он ке создаде храм Господен и ке се прослави, ке седне на престолот свој и ке биде владетел, ке биде и свештеник на престолот свој, и ке има согласност за мир ме у едниот и другиот. |
14. | А венци ке бидат за Хелема и Товија, за Једаја и Хена, синот Софониев, како спомен во храмот Господен. |
15. | И оддалеку ке дојдат лу е, што ке учествуваат во градењето, на храмот, и вие тогаш ке разберете, дека Господ Саваот ме испрати при вас, и сето тоа ке се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог. |
← Zechariah (6/14) → |