← Zechariah (5/14) → |
1. | Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток. |
2. | И ме праша тој: ‘што гледаш? Му одговорив: ‘гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти. |
3. | Тогаш ми рече: "Тоа е проклетството што ке се излие врз целата земја; и секој што краде, ке се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ке се истреби - како што е напишано на другата страна. |
4. | Јас го пуштив - вели Господ - и тој ке влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ке остане во домот негов, и ке ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови". |
5. | Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече - подигни ги очите пак и погледај - што е она што излегува? |
6. | А кога прашав: ‘што е тоа? он ми одговори: она што излегува е ефа мерна, па додаде, тоа е образот нивни по целата земја. |
7. | И, ете, одеднаш се издигна порче олово, а таму една жена седеше врз ефата. |
8. | Ми рече тој: таа жена е беззаконието, па ја фрли среде ефата, а при отворот и го фрли парчето олово. |
9. | И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше ме у криљата нивни; а криљата им беа како криља на штрк; и ја кренаа тие ефата и ја понесоа угоре ме у земјата и небото. |
10. | Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: каде ја носат таа ефа? |
11. | А тој ми одговори: - за да се изгради за неа дом во земјата Сенар, и кога ке биде се подготвено; тогаш таа ке биде однесена и поставена на своето место. |
← Zechariah (5/14) → |