← Zechariah (4/14) → |
1. | И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон. |
2. | Па ми рече: што гледаш? Одговорив: еве, гледам свекник цел од злато и чашка за елеј врз него, а и седум кандилца на него и по седум чашенца за кандилцата, при врвот. |
3. | И две маслинки на него - една десно од чашката, а друга лево од неа. |
4. | Одговорив и му рекова на анеглот, кој говореше со мене - што претставува ова, господине? |
5. | И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: ‘зар не знаеш што е тоа? Му реков ‘не знам, господине мој. |
6. | Тогаш одговори и ми рече: ‘тоа е словото Господово кон Зоровавела, што кажува - не со војска не со сила, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот. |
7. | Која си ти, планино голема, пред Зоровавела: Та ти си рамнина и он ке го изнесе каменот темелник во восклик: "благодат, благодат врз него!" |
8. | И би слово Господово до мене: |
9. | рацете на Зоровавела ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ке го завршат, и ти тогаш ке рабереш дека Господ Саваот ме прати при вас. |
10. | Оти, кој може да го омаловажи тој ден, кога радосно ке ја гледаат sидарската висулка во рацете на Зоровавела оние седум, а тоа се очите на Господа, што со поглед ја опфакаат целата земја? |
11. | Потоа одговорив и му реков: што значат оние две маслинки од десната и од левата страна на свекникот? |
12. | И пак почнав да му зборувам и му реков - што треба да означуваат оние две маслинени гранчиња, што се нао аат ме у двете златни цевчиња, кои од себе долеваат масло? |
13. | А тој ми рече: ‘зар не ти е познато што е тоа? Му одговорив: ‘не знам, господине мој. |
14. | Тогаш тој ми рече: ‘па тоа се двајцата помазаници со елеј, кои стојат пред Господа над целата земја. |
← Zechariah (4/14) → |