← Zechariah (2/14) → |
1. | И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже. |
2. | Го прашав каде ке одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината. |
3. | Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет, |
4. | и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек - Ерусалим ке се насели по селата поради многуте лу е и добиток во него. |
5. | И Јас ке му бидам огнен sид, околу него, вели Господ, и ке се прославам во него. |
6. | Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ке ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ. |
7. | Спасувај се Сионе, ти што живееш при керката Вавилонова. |
8. | Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: зашто кој ке се допре до вас, ке се допре до зеницата на окото Мое. |
9. | И, ете, Јас ке ја кренам раката Своја против нив, и тие ке станат плен на слугите свои." Тогаш ке познаете дека Господ Саваот ме пратил. |
10. | "Ликувај и весели се, керко Сионова, зашто ете, Јас ке дојдам и ке се населам во тебе", вели Господ. |
11. | И ке се приберат многу народи при Господа во оној ден и ке станат Негов народ. И Он ке се насели ме у тебе, и тогаш ке разбереш дека Господ Саваот ме пратил при тебе. |
12. | Тогаш Господ ке го земе во владение Јуда, Својот дел на светата земја, и пак ке го избере Ерусалим. |
13. | Нека молчи секоја плот пред лицето на Господа, зашто Он стана во облаците од Своето свето живеалиште. |
← Zechariah (2/14) → |