← Zechariah (13/14) → |
1. | Во оној ден ке се отвори извор за домот Давидов и за жителите ерусамиски, за да се измијат од гревовите нивни и од нечистотијата. |
2. | Во оној ден, вели Господ Саваот, Јас ке ги истребам имињата на идолите од оваа земја, и тие повеке нема да се спомнуваат; ке ги истребам и лажните пророци и нечистиот дух од оваа земја. |
3. | Тогаш, ако некој претскажува, татко му и мајка му, што го родиле, ке му речат: ти не треба да живееш, зашто кажуваш лага во името на Господа; и ке го убијат татко му и мајка му, кога тој ке претскажува. |
4. | Во оној ден ке се засрамат таквите претскажувачи, секој од кажувањето свое, кога ке почнат да претскажуваат, и нема да се облекуваат во врекишта, за да лажат. |
5. | Тогаш секој ке рече: јас не сум пророк, земјоделец сум, бидејки некој ме направил роб од детството мое. |
6. | Но ке му речат: а од што ти се белезите на рацете твои? Тој ке одговори: од тоа што ме биеја дома оние што ме сакаа. |
7. | О, мечу, подогни се против Мојот пастир и против Мојот ближен, вели Господ Саваот: порази го пастирот, и овците ке се распрснат! И Јас ке ја свртам раката Своја против малите. |
8. | И по целата земја, вели Господ, два дела од неа ке бидат истребени, ке изумрат, а третиот ке остане. |
9. | И тој трет дел ке го минам низ оган, и ке ги стопам како што се топи сребро, и ке ги исчистам, како што се чисти злато; тие ке го повикаат името Мое, и Јас ке ги чујам; тоа е Мојот народ, а тие ке речат: Господ е мој Бог! |
← Zechariah (13/14) → |