← Zechariah (11/14) → |
1. | Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои. |
2. | Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот, оти и великаните се опустошени; ридајте, дабови васански, бидејки е провалена непроодната гора. |
3. | Се слуша гласот од плачењето на паситрите, бидејки е опустошено нивното велелепие; се слуша риакњето на лавовите, оти е опустошена убавината на Јордан. |
4. | Така вели Господ Бог, мојот Бог: паси ги овците, определени за клање, |
5. | кои купувачите, без пречка ке ги колат, а продавачите ке им велат: "нека е благословен Господ; се збогативме!" И паситрите нивни не ке ги жалат. |
6. | Зашто Јас веке нема да им проштевам на жителите од земјата, вели Господ; ете, ке ги предадам лу ето, секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ке ја поразуваат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни. |
7. | И ке ги пасам овците во земјата Хананска, определени за клање, овци навистина бедни. И ке земам два стапа, едниот ке го наречам - благоволение, а другиот - вериги; со нив ке ги пасам овците. |
8. | И ке истребам тројца од пастирите во еден месец и ке се одврати душата Моја од нив, оти и нивната душа ке се одврака од Мене. |
9. | Тогаш ке речам: нема да ве пасам; онаа што умира, нема умре, и која загинува, нека загине; и тие, пак, што ке останат нека се изедат една со друга. |
10. | И така ке го земам стапот Свој благоволение и ке го прекршам, за да го уништам заветот што го склучив со сите народи. |
11. | И тој ке биде уништен во оној ден, и тогаш ке разберат бедните овци, кои Ме очекуваат, дека ова е слово од Господа. |
12. | И ке им речам: ако ви е угодно, дајте Ми ја наградата Моја; ако, пак не - не давајте Ми ја; и тие Ми одредија плата триесет сребреници. |
13. | А Господ ми рече: стави ги во црковната каса - тоа е висока цена, со која ме оценија. И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Господен за грнчарот. |
14. | Го скршив и Својот друг стап - вериги, за да го раскинам братството ме у Јуда и Израилот. |
15. | И ми рече Господ: земи си уште нешто од опремата пастирска. |
16. | Оти, ете, Јас ке поставам пастир на оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ке го јаде, копитата, пак, ке им ги откинува. |
17. | Тешко му на овој мрзлив пастир, што го остава стадото! Меч ке му стои над раката негова и над неговото десно око! Раката наполно ке му се исуши, и десното око негово наполно ке потемнее. |
← Zechariah (11/14) → |