← Zechariah (10/14) → |
1. | Молете Го Господа за дожд во време благопријатно; Господ ке светне со молскавица и ке ви даде обилен дожд - зеленило во поле. |
2. | Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат оти немаат пастир. |
3. | Против пастирите се распали гневот Мој, и јагнињата ке ги пречекам; оти Господ Саваот ке го посети стадото Свое, домот Јудин, и ке го подготви како силен коњ за бој. |
4. | Од него ке направи аголен камен, од него - клин, од него лак за бој, од него ке излезат сите управници на народот. |
5. | И тие ке бидат како јунаци што ги газат непријателите како улична кал, и ке се борат, бидејки Господ е со нив, и ке ги посрамат јавачите на коњи. |
6. | Kе го зацврстам домот Јудин и ке го спасам домот Јосифов, и ке ги вратам, оти Јас се смилив над нив, и тие ке бидат како да не сум ги оставил: зашто Јас сум нивниот Господ Бог, и ке ги чујам. |
7. | Како јунак ке биде Ефрем; ке се развесели срцето нивно како вино да пиеле, па ке го видат тоа синовите нивни и ке им се зарадува срцето нивно; во восхит ке им биде тогаш срцето нивно во Господа. |
8. | Kе дадам знак и ке ги соберам, оти ги откупив; ке бидат многубројни како и порано; |
9. | ке ги раселам ме у народите, но во далечни земји тие ке се секаваат на мене и ке живеат со децата свои, и ке се вратат. |
10. | Kе ги вратам од земјата Египетска и од Асирија ке ги соберам; ке ги доведам во земјата Галад и на Ливан, и не ке има доволно место за нив. |
11. | Kе преминат по морето и ке ги поразат морските бранови; ке пресушат сита длабини на реката, и ке се смири гордоста на Асура, и скиптариот ке биде одземен од Египет. |
12. | Kе ги зацврстам во Господа, и тие ке одат во името Негово, вели Господ. |
← Zechariah (10/14) → |