← Titus (3/3) |
1. | Напомнувај им да им се покоруваат на управителите и властите, да бидат покорни и подготвени за секое добро дело; |
2. | никого да не хулат, да бидат благородни, да не се препираат, покажувајќи секаква кроткост кон сите луѓе. |
3. | Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, измамени, робови на разни страсти и задоволства, минувајќи го животот во злоба и завист, исполнети со омраза и мразејќи се еден со друг. |
4. | Но кога се појави добрината на Бог, нашиот Спасител, и Неговата љубов за целото човештво, |
5. | нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето преку Светиот Дух, |
6. | Кого богато Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, |
7. | та оправдани преку Неговата благодат, да станеме наследници според надежта на вечниот живот. |
8. | Ова е веродостојно слово, и сакам ова да го говориш со увереност, та оние што поверувале во Бог да се стремат да вршат добри дела. Тоа е добро и полезно за луѓето. |
9. | А избегнувај ги глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките во однос на Законот, зашто се неполезни и безвредни. |
10. | Избегнувај човек еретик, по првото и второто предупредување, |
11. | знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, и се осудил самиот себеси. |
12. | Кога ќе го пратам кај тебе Артема или Тихик, настојувај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив зимата да ја поминам таму! |
13. | Грижливо снабди ги за пат законикот Зена и Аполос, за да имаат сè што им треба! |
14. | И нашите нека се учат да се зафаќаат со добри дела, за да ги задоволат неопходните потреби, за да не бидат бесплодни. |
15. | Те поздравуваат сите што се со мене. Поздрави ги оние кои нè љубат во верата. Благодат со сите вас! |
← Titus (3/3) |