← Titus (2/3) → |
1. | А ти говори за она што се совпаѓа со здравата наука. |
2. | Постарите мажи да бидат трезвени, сериозни, разумни, здрави во верата, во љубовта и во трпението. |
3. | Исто така, постарите жени да се однесуваат достојно, да не клеветат и да не се оддаваат на многу вино, туку да бидат учителки за доброто, |
4. | за да ги учат младите жени да ги љубат своите мажи и своите деца, |
5. | да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, љубезни и покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото слово. |
6. | Исто така, опоменувај ги и младите да бидат разумни. |
7. | Bо сè покажи се како пример за добри дела, во чистота на учењето, сериозност, |
8. | со здрав и беспрекорен говор, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас. |
9. | Робовите нека им се покоруваат во сè на своите господари, да настојуваат да им угодуваат, да не им противречат |
10. | и да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра вера, та да го украсуваат во секој поглед учењето на Бог нашиот Спасител. |
11. | Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, |
12. | која нè поучува да се откажеме од безбожноста и од световни похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век, |
13. | очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на славата на нашиот велик Бог и Спасител, Исус Христос, |
14. | Кој се даде Себеси за нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да си исчисти за Себе сопствен народ, ревносен за добри дела. |
15. | Зборувај го ова, и опоменувај, и укорувај со целосна власт. Никој да не те презира! |
← Titus (2/3) → |