← SongOfSongs (7/8) → |
1. | Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, керко знаменита! Облите колкови твое се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, |
2. | папкот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја - купа пченица, опкружена со кринови; |
3. | двете твои гради - како две јаренца, како близначиња на срна; |
4. | Вратот твој - како столб од слонова коска; очите твои - Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој - Ливанска кула, свртена кон Дамаск; |
5. | главата твоја на тебе - како Кармил; а косата на главата твоја - како пурпур; цар се вплел во плетенките. |
6. | Возљубениот: О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина! |
7. | Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради - на гроздови. |
8. | Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри - како мирис на јаболко; |
9. | устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат. |
10. | Јас припа ам на возљубениот мој, и тој копнее по мене. |
11. | Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да пренокеваме по селата; |
12. | утре рано ке појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ке те опсипам со милувања. |
13. | Мандрагорите веке шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој! |
← SongOfSongs (7/8) → |