← SongOfSongs (6/8) → |
1. | Возљубената: Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови. |
2. | Јас му припа ам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене; тој пасе ме у криновите. |
3. | Возљубениот: Убава си, мила моја, како Тирса, прекрасна - привлечна како Ерусалим, страшна како војска со знамиња. |
4. | Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат. Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галад; |
5. | забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кое секоја е со по две јагниња, и јалова ме у нив нема, |
6. | твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка. |
7. | Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј моми, |
8. | но единствена е таа, гулабицата моја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родитеката своја. Ја видоа момите, и ја возвеличија, ја видоа и цариците вљубената, и ја пофалија. |
9. | Хорот: "Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?" |
10. | Слегов во ореовата градина да погледнам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле калинките. Таму ке ти ги дадам усните мои. |
11. | Не знам, како душата да ме влече кон колите на големците од мојот народ. |
12. | Хорот: Сврти се, сврти се Суламко, сврти се, сврти се, да те погледаме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламка, како на оро манаимско? |
← SongOfSongs (6/8) → |