← SongOfSongs (5/8) → |
1. | Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки до мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и насиете се, мили мои! |
2. | Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот возљубен, кој чука: "Отвори ми сестро, мила моја гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја - со нокна влага. |
3. | Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измил нозете свои, како да ги валкам?" |
4. | Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него. |
5. | Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз држката од клучалката. |
6. | Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душата ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше. |
7. | Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваа градот, ме натепаа, ме изнаранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа sидиштата. |
8. | Ве заколнувам, керки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, кажете му, дека изнемошувам од љубов. |
9. | Хорот: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава ме у жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така не заколнуваш? |
10. | Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, избран ме у десет иљади други; |
11. | главата негова - чисто злато; кадрите негови - брановидни, црни како гавран; |
12. | очите негови - како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни; |
13. | образите негови - ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови - кринови од кои капе чиста смирна; |
14. | рацете негови - златни валци, опсипани со топази; стомакот негов - како сад од слонова коска, обложен со сафири; |
15. | нозете негови - мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар; |
16. | устата негова - сладост, и целиот тој е пожелен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, керки ерусалимски. |
17. | Хорот: Каде отиде твојот возљубен, о, најубава ме у жените? Каде скришна твојот возљубен? Ние ке го побараме со тебе. |
← SongOfSongs (5/8) → |