| ← SongOfSongs (4/8) → |
| 1. | Возљубениот: О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; |
| 2. | забите твои - како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна; |
| 3. | усните твои - како алова панделка, а устата твоја слаткоречива; твоите јаготки под превезот твој се како половинки од калинка; |
| 4. | вратот ти е - како Давидовата кула, изградена за оружје: на неа висат иљадници штитови - се штитови на јунаци; |
| 5. | двете твои гради се како близначиња од млада срна, кои пасат ме у кринови. |
| 6. | Додека денот на залади, и не одминат сенките, ке одам на смирновата гора и на темјановиот рид. |
| 7. | Цела си убава, мила моја, и дамка нема на тебе! |
| 8. | Слези со мене од Ливан, невесто, слези и дојди од Ливан, од врвот на Аман, од врвот на Сенир и Аермон, од лавовските пештери, од леопардовите гори! |
| 9. | Ти го освои срцето мое, сестричке невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со веришката на вратот свој. |
| 10. | О, колку е слатка љубовта твоја сестричке невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми. |
| 11. | Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис ливански! |
| 12. | Затворена градина е мојата сестричка невеста, извор затворен, кладенец запечатен; |
| 13. | твојот насад е градина од дрвја во вкусен плодови, кипар и нард, |
| 14. | нард и шафран, трска и цимет со секакви пријатно - мирисни дрвја, смирна и алој со најубави ароми, |
| 15. | ти си градински извор, кладенец од жива вода, што истечува од Ливан. |
| 16. | Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови свои. |
| ← SongOfSongs (4/8) → |