← SongOfSongs (3/8) → |
1. | Ноква во леглото мое го барав оној, кога го сака душата моја, го барав и не го најдов. |
2. | Затоа ке станам, ке тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ке го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов. |
3. | Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: "Дали го видовте - ги прашав - оној, кого душата моја го сака?" |
4. | Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куката на мојата мајка и во одајата на родителката своја. |
5. | Возљубениот: Ве заколнувам, керки ерусалимски, во срните и полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака. |
6. | Хорот: Што е таа, која се издига од пустињата како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси? |
7. | Еве ја носилката - на Соломона: околу неа шеесет души јунаци ме у кои јунаците Израилеви. |
8. | Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради нокниот страв. |
9. | Носилка си направил царот Соломон од ливанско дрво; |
10. | скалата ја направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето - порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле керките ерусалимски. |
11. | Излезете, керки сионски, и погледајте го цар Соломона со венецот, со кој го украсила мајката негова во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово. |
← SongOfSongs (3/8) → |