← SongOfSongs (2/8) → |
1. | Возљубената: Јас сум саронски нарцис, долински крин! |
2. | Возљубениот: Она што е кринот ме у трњето, тоа е мојата возљубена ме у момите. |
3. | Возљубената: Она што е јаболкницата ме у шумските дрвја, тоа е мојот возљубен ме у момците. Посакав сенка нејзина, и седнав; плодовите нејзини се слатки за грлото мое. |
4. | Тој ме воведе во куката за гозба, и знамето негово над мене беше љубов. |
5. | Поткрепете ме со сочни гроздови, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов. |
6. | Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува. |
7. | Возљубениот: Ве заколнувам керки ерусалимски, во срцните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака. |
8. | Возљубената: Гласот на мојот возљубен, еве, го: доа а, скока преку фиданките по горите, прескокнува преку ридовите. |
9. | Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад sидот наш, погледнува низ прозорецот, sирка низ решетката. |
10. | Мојот возљубен се огаси и ми рече: "Стани, мила моја, убавице моја, дојди! |
11. | Еве, зимата веке мина, дождот го снема, престана веке, |
12. | цвекињата се појавија по земјата; настана време за кроење лози, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша; |
13. | смокрите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди! |
14. | Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е sвонлив, и лицето ти е прекрасно. |
15. | Фатете ни ги лисиците, лисичињата, оти тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат. |
16. | Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум - негова; тој го пасе стадото ме у кринови. |
17. | Додека денот не измине и сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна, како млад елен, по горите што не разделуваат. |
← SongOfSongs (2/8) → |