SongOfSongs (1/8) → |
1. | Соломоновата Песна над песните |
2. | Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното. |
3. | Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите. |
4. | Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, - ке се восхитуваме и ке се радуваме со тебе, ке ги фалиме твоите милувања повеке од вино. Навистина те сакаат! |
5. | Kерки ерусалимски, црна сум но сепак сум убава како шаторите кидарски, како Соломонови завеси. |
6. | Не гладајте ме оти сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови и се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата - но своето сопствено лозје не го зачував. |
7. | Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари? |
8. | Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава ме у жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори. |
9. | Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка. |
10. | Прекрасни се твоите образи под обетките, вратот твој - со ерданите; |
11. | Kе ти направам златни обетки со сребрени топчиња. |
12. | Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, народот мој го испушташе својот пријатен мирис. |
13. | Смирнова китка е мојот возљубен: стои ме у градите мои. |
14. | Мојот возљубен ми е како кипарисов грозд во Енгедските лозја. |
15. | Возљубениот: О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови. |
16. | Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! И постелата наша се зеленее. |
17. | Возљубениот: Покривите на куките ни се кедри, штиците наши - кипариси. |
SongOfSongs (1/8) → |