← Ruth (4/4) |
1. | Воз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше Воз. И му рече: "Наврати и седни тука!" Тој наврати и седна. |
2. | Воз повика десетина од граските старешини и рече: "Седнете тука!" И тие седнаа. |
3. | И Воз му рече на роднината: "Ноемин, која што се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, која му припа а на братот наш Елимелех; |
4. | јас решив да ти јавам и да ти кажам: "Купи го пред седнативе тука и пред старешините на мојот народ ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, не решиш да го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас." Тој одговори: "Јас ке го откупам." |
5. | Воз рече: "Штом ја откупуваш нивата од Ноемин, треба да купиш и од Моавката Рут, жена на умрениот, и неа треба да ја земеш, за да го востановиш името на умрениот во наследството негово." |
6. | А оној роднина одговори: "Јас не можам да ја откупам, за да не си го растурам моето наследство; земја ја ти, зашто јас не можам да ја земам." |
7. | Порано кај Израилот, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување постоеше обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, кој го примаше правото на родство, и тоа служеше како сведоштво кај Израилот. |
8. | И оној роднина му рече на Воз: "Откупи го ти!" И ја собу обувката своја, и му ја даде. |
9. | И Воз им кажа на старешините и на целиот народ: "Вие сте сега сведоци, дека јас го купувам од Ноемин сето Елимелехово и сето Хелеоново и Малоново наследство; |
10. | исто така ја земам за жена и Моавката Рут, Малоновата жена, за да го востановам името на умрениот во делот негов, та да не исчезне името на умрениот ме у браката негови и племето негово; вие сте ми денес сведоци за тоа." |
11. | И сиот народ, што беше при градските порти, и старешините рекоа: "Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куката твоја, да биде како Рахил и Лија, кои и обете го издигнаа домот Израилев; збогатувај се во Еуфрат, и нека се слави името твое во Витлеем; |
12. | и домот твој да биде како домот на Фареса, кого Тамар му го роди на Јуда од семето, кое Господ ке ти го даде од таа млада жена." |
13. | И Воз ја зеде Рут, и таа му стана жена. И тој влезе при неа, и Господ и даде, та зачна и роди син. |
14. | И и велеа жените на Ноемин: "Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израилот. |
15. | Тој ке ти биде утеха и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и кој ти вреди повеке од седум синови." |
16. | И Ноемин го зеде детето и го носеше во прегратките свои и му беше негувателка. |
17. | Сосетките му дадоа име, велејки: "На Ноемин и се роди син", и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов. |
18. | И еве го родот Фаресов: Фарес го роди Есрома; |
19. | Есром го роди Арама; Арам го роди Аминадава; |
20. | Аминадав го роди Наасона; Наасон го роди Салмона; |
21. | Салмон го роди Воза; Воз го роди Овида; |
22. | Овид го роди Јесеја; Јесеј го роди Давида. |
← Ruth (4/4) |