Ruth (2/4)  

1. Ноемин имаше роднина по мажот, човек многу виден, од племето на Елимелех, по име Воз.
2. И Моавката Рут и рече на Ноемина: "Kе тргнам по нивјата и ке собирам класје по оној во чии очи ке најдам наклоност (љубов)." Таа и одговори: "Оди керко."
3. Таа отиде и почна да бере на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припа а на Воз, којшто беше од племето Елимелехово.
4. И ете, Воз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: "Господ со вас." Тие му одговорија: "Нека те благослови Господ!"
5. И Воз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: "Чија е онаа млада жена?"
6. Слугата, надзорникот над жетварите, одговори и рече: "Таа млада жена е Моавка, дошла со Ноемина од Моавските полиња;
7. таа ни рече: ‘Оставете ме да берам и да собирам ме у снопјата по жетварите‘; дојде и остана тука од утрината до сега; таа малку останува дома."
8. И Воз и рече на Рут: "Слушај, керко моја, не оди да собираш на друга нива и не си оди оттука, туку остани со моите слугинки;
9. гледај на која нива тие жнеат, и оди со нив; ете јас им заповедав на слугите свои да не ти пречат; кога ке ожедниш, оди кај садовите и пиј, од каде што црпат слугите мои."
10. Таа падна ничкум, се поклони до земја и му рече: "Со што се здобив пред очите твои со милост, па ме примаш, иако сум ту инка?"
11. Воз и одговори и и рече: "Ми рекоа за се што си направила за свекрвата своја по смртта на мажот твој, дека си оставила татко, мајка и татковина и си дошла ме у народ кој не си го познавала до вчера и завчера;
12. Господ нека ти возврати за твоето дело, и да добиеш полна награда од Господа, Бог Израилев, при Кого си дошла, за да се успокоиш под Неговите криља!"
13. Таа одговори: "Можеби ке најдам милост пред очите твои, господару мој! Ти ме утеши и и зборуваше од срцето на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја."
14. И и рече Воз: "Кога ке приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет." И таа седна при жетварите. Тој и даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште и остана.
15. И стана да собира класје. Воз им заповеда на слугите и рече: "Нека собира и ме у снопјата, и не ја навредувајте;
16. дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате."
17. Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачман.
18. Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва и виде, колку беше собрала таа. И го извади Рут од пазувите свои и и го даде она, што и беше останало, откако се беше најала.
19. И и рече свекрвата: "Каде береше денес и каде работеше? Да биде благословен оној, што те примил!" Рут и кажа на свекрвата своја, кај кого работела, и рече: "Човекот, кај кого денес работев, се вика Воз."
20. И и рече Ноемин на снаата своја: "Нека е благословен од Господа, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!" И и рече Ноемин: "Тој човек ни е близок; тој е наш роднина."
21. Моавката Рут и кажа на свекрвата своја: "Тој дури ми рече - остани при слугинките мои, додека да ја завршат жетвата моја."
22. И и рече Номин на снаата Рут: "Добро е, керко, тоа што си одела со слугинките негови, и нема да те оскрбуваа на друга нива."
23. Така се приклучи таа кон Возовите слугинки и береше класје, додека заврши јачменовата жетва и пченичната жетва, и живееше при свекрвата своја.

  Ruth (2/4)