Ruth (1/4) → |
1. | Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во Моавските полиња, заедно со жена си и двајцата синови свои. |
2. | Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му - Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Хелеон: тие беа од Еуфрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во Моавските полиња и останаа таму. |
3. | Елимелех, мажот на Ноемина, умре, и таа остана со двајцата синови свои. |
4. | Тие си зедоа за жени Моавки, - на едната името и беше Орфа, а на другата - Рут; и живееја таму околу десет години. |
5. | Но подоцна и обајцата синови нејзини, Малон и Хелеон, умреа, и остана таа жена без двајцата синови свои и без мажот свој. |
6. | Тогаш таа се крена со снаите свои и се врати од Моавските полиња, бидејки беше чула во Моавските полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб. |
7. | И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, вракајки се во Јудејската земја, |
8. | Ноемин им рече на двете свои снаи: "Одете и вратете се секоја во татковата си кука; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене! |
9. | Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куката на својот маж!" И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па |
10. | и рекоа: "Не, ние ке се вратиме со тебе при твојот народ." |
11. | А Ноемин рече: "Вратете се, керки мои; зошто ке доа ате со мене? Зар уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи? |
12. | Вратете се, керки мои, одете си, бидејки сум веке стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‘уште имам надеж‘, и дури оваа нок да се омажам и подоцна да родам синови, |
13. | ке можете ли да чекате, додека да пораснат? Можете ли да се одржите да не се омажите? Не, керки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Господова ме порази." |
14. | Тие повикаа и пак заплакаа. И Орфа се прости со свекрвата своја и се врати при родот свој, а Рут остана со неа. |
15. | Ноемина и рече на Рут: "Ете, јатрвата ти се врати при родот свој и при боговите свои; врати се и ти по јатрвата своја." |
16. | Но Рут одговори: "Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; но каде што ке одиш ти, таму ке дојдам и јас, и каде ке живееш ти, таму ке живем и јас; твојот народ ке биде мој народ, и твојот Бог - мој Бог; |
17. | и каде што ке умреш ти, таму и јас ке умрам и ке бидам погребана; "Господ нека ми го направи тоа и нешто повеше нека додаде; само смртта ке ме раздели од тебе." |
18. | Ноемина, откако виде дека таа цврсто е решена да отиде со неа, престана да и зборува. |
19. | И одеа тие двете, додека стигнаа до Витлеем, целиот град се раздвижи поради нив, и рекоа: ‘Ова ли е Ноемина?‘ |
20. | Таа им рече: "Не ме викајте Ноемина, викајте ме Мара, зашто Седржителот ми испрати голема Горчевина. |
21. | Јас излегов одовде заможна, а Господ ме врати со празни раце: зошто да ме викате Ноемин, кога Господ ме принуди да страдам, и Седржителот ми испрати несрека?" |
22. | И Ноемина се врати, а заедно со неа и снаата нејзина, Моавката Рут, кој дојде од Моавските полиња; тие пристигнаа во Витлеем, кога беше почнала јачменовата жетва. |
Ruth (1/4) → |