← Romans (7/16) → |
1. | Или не знаете ли, браќа (им зборувам на оние, кои го познаваат законот), дека законот има власт над човекот додека е жив? |
2. | Зашто, омажената жена, преку закон е врзана за мажот, додека е тој жив, но ако мажот умре, слободна е од законот што се однесува до мажот. |
3. | Според тоа, ако му стане жена на друг додека нејзиниот маж е жив, ќе биде прељубница; но ако мажот и умре, слободна е од законот и не е прељубница дури и да се омажи за друг. |
4. | Така и вие, браќа мои, умртвени сте за Законот преку Христовото тело, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бог. |
5. | Зашто, додека бевме во телото, во нашите органи дејствуваа грешни страсти кои Законот ги побудуваше, па така донесувавме плодови на смртта. |
6. | А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за она што нè потчинуваше, за да служиме во новоста на Духот, а не во староста на буквата. |
7. | И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Никако! Напротив, немаше да дојдам до запознавање на гревот освен преку Законот, зашто не ќе знаев да посакам туѓо, ако Законот не речеше: "Не посакувај туѓо!" |
8. | А гревот, откако најде можност во заповедта, предизвика во мене похота од секаков вид, зашто без Законот - гревот е мртов. |
9. | И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев, |
10. | и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водела во смрт. |
11. | Имено, гревот, откако доби можност во заповедта, ме измами и ме уби преку неа. |
12. | Затоа Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра. |
13. | Дали тоа значи дека доброто стана смрт за мене? Никако! Туку гревот, за да се покаже како грев, се послужи со доброто и ја предизвика мојата смрт, па така гревот стана, со посредство на заповедта, прекумерно грешен. |
14. | Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден на гревот. |
15. | Она што го правам, не го разбирам, бидејќи не го правам она што го сакам, туку го правам токму она што го мразам. |
16. | Ако пак го правам она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар. |
17. | Значи, не сум јас оној што го прави тоа, туку гревот, кој живее во мене. |
18. | Имено, знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело, зашто желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа. |
19. | Доброто што го сакам не го правам, туку го правам злото, што не го сакам. |
20. | А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот кој живее во мене. |
21. | И така, откривам еден закон кој е во мене, кој кога сакам да правам добро - злото е присутно. |
22. | Bистина, се сложувам со мојот внатрешен човек дека наоѓам наслада во Божјиот Закон, |
23. | но, гледам друг закон во моите органи, кој војува против законот на мојот ум и ме заробува под законот на гревот што е во моите органи. |
24. | Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртно тело! |
25. | Му благодарам на Бог, преку Исус Христос, нашиот Господ! И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот закон, а со телото на законот на гревот. |
← Romans (7/16) → |