← Romans (3/16) → |
1. | И така, каква предност има Евреинот? Или, каква е ползата од обрежувањето? |
2. | Голема, во секој поглед. Пред сè, ним им се доверени Божјите зборови! |
3. | Па што! Ако некои не поверуваа, зар нивното неверување ќе ја уништи Божјата верност? |
4. | Никако! Но, Бог нека биде вистинит, а секој човек лажливец, како што е напишано: "Да бидеш оправдан во зборовите свои и да победиш кога ќе бидеш суден." |
5. | Ако нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што да речеме? Дали е Бог неправеден кога изразува гнев? (човечки зборувам). |
6. | Никако! Инаку, како би можел Бог тогаш да му суди на светот? |
7. | Зашто, ако преку мојата лага се покаже уште повозвишена Божјата вистина за Неговата слава, зошто ми се суди уште како на грешник? |
8. | "Зошто да не правиме зло, за да произлезе добро?" (како што нè клеветат некои и велат за нас дека ние зборуваме така?) Нивната осуда е праведна. |
9. | Што тогаш? Дали сме подобри од нив? Секако не, зашто веќе ги обвинивме и Евреите и Грците, дека сите се под грев, |
10. | како што е напишано: "Нема никој праведен, нема ниту еден; |
11. | Нема разумен, нема ниту еден кој Го бара Бога; |
12. | Сите скршнаа, сите заедно станаа бескорисни, никој не прави добро, нема ниту еден." |
13. | Нивното грло е отворен гроб, мамат со јазиците; змиски отров има под нивните усни. |
14. | Устата им е полна со клевета и горчина. |
15. | Нозете им се брзи за пролевање крв; |
16. | Пустошење и беда има по нивните патишта; |
17. | Тие не го познаваат патот на мирот. |
18. | Нема пред нивните очи стравопочит кон Бога." |
19. | А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за сиот свет да биде под осуда, |
20. | бидејќи со делата на Законот ниту еден нема да се оправда пред Него, зашто преку Законот доаѓа познавањето на гревот. |
21. | А сега, независно од Законот, се јави Божјата праведност, за која сведочат Законот и пророците, |
22. | и тоа Божјата праведност, преку вера во Исус Христос, за сите кои веруваат, зашто нема разлика. |
23. | Зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава, |
24. | а се оправдани дарум од Неговата благодат, преку откупот кој е во Христос Исус, |
25. | Кого Бог јавно Го изложи како жртва на измирување во Неговата крв преку вера, за да се покаже Неговата праведност, бидејќи заради Божјото трпение Тој преминува преку поранешните гревови, |
26. | за да ја покаже Својата праведност во сегашноста, за Самиот да биде праведен и за да го оправда оној кој верува во Исус. |
27. | И така, каде е тогаш пофалбата? Исклучена е. Според кој закон? Дали според законот на делата ? Не, туку според законот на верата. |
28. | Затоа, ние сметаме дека човекот е оправдан преку верата, без делата на Законот. |
29. | Дали Бог е Бог само на Евреите? Не е ли и на неевреите? Да, и на неевреите, |
30. | зашто истиот Бог е Тој кој ќе ги оправда обрежаните по вера и необрежаните преку вера. |
31. | Според тоа, го укинуваме ли Законот преку верата? Никако! Напротив, со тоа го утврдуваме Законот. |
← Romans (3/16) → |