← Romans (16/16) |
1. | Bи ја препорачувам нашата сестра Виба, која е на служба во црквата во Кенхреа: |
2. | да ја примите во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете и во сè што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина, а и мене самиот. |
3. | Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус, |
4. | кои ги ризикуваа своите глави за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви на неевреите. |
5. | Поздравете ја и црквата во нивниот дом. Поздравете го мојот мил Епенет, кој е првиот обратеник на Азија во Христос! |
6. | Поздравете ја Марија, која многу се трудеше за вас! |
7. | Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и другари во заточеништвото; кои имаат углед меѓу апостолите и кои поверуваа во Христос пред мене. |
8. | Поздравете го Амплиат, мојот мил во Господ! |
9. | Поздравете ги Урбан, нашиот соработник во Христос, и мојот мил Стахиј! |
10. | Поздравете го Апелиј, проверениот во Христос! Поздравете ги оние од домот на Аристобул! |
11. | Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги и оние од Нарцисовиот дом, кои се во Господ! |
12. | Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се трудат во Господ! Поздравете ја милата Персида, која многу се трудеше во Господ! |
13. | Поздравете го Руф, избраниот во Господ, и неговата мајка и моја! |
14. | Поздравете ги Асинкрит, Влегонт, Ерма, Патроб, Ермија и браќата кои се со нив! |
15. | Поздравете ги Вилолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, потоа Олимп и сите светии, кои се со нив! |
16. | Поздравете се еден со друг со свет целив! Bе поздравуваат сите Христови цркви. |
17. | Bе молам, браќа, чувајте се од оние кои прават раздори и препирки против учењето кое го научивте, и бегајте скраја од нив! |
18. | Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот стомак, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните. |
19. | Bашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам за вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а неупатени во злото! |
20. | А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус нека биде со вас! |
21. | Bе поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сонародници Луциј, Јасон и Сосипатар. |
22. | Bе поздравувам во Господ и јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо. |
23. | Bе поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Bе поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт. |
24. | Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас! |
25. | А на Оној кој може да ве утврди - според моето Евангелие и според проповедта за Исус Христос, согласно со откровението на тајната за која се молчеше од дамнина, |
26. | а сега се јави преку пророчките списи и по заповед на вечниот Бог им беше соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата, |
27. | - на единствениот мудар Бог, нека биде слава преку Исус Христос во сите векови. Амин! |
← Romans (16/16) |