← Romans (15/16) → |
1. | Ние, силните, должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а не да се однесуваме како што нам ни годи. |
2. | Секој од нас нека се грижи да му угоди на ближниот, за негово надградување, |
3. | зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано: "Хулите на оние кои Те хулеа, паднаа на Мене." |
4. | И сè што било напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата. |
5. | А Бог на трпението и утехата нека ви даде едномисленост меѓу вас според Исус Христос, |
6. | за да Го славите еднодушно и едногласно, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос. |
7. | Затоа прифатете се еден со друг, како што и Христос ве прифати за Божја слава! |
8. | Зашто јас велам дека Христос стана слуга на обрежувањето поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците; |
9. | а и за народите да Го прославуваат Бог поради Неговата милосрдност, како што е напишано: "Затоа ќе Те признаам меѓу народите и ќе Му пеам на Твоето име." |
10. | И пак рече:" Bеселете се, о народи, со Неговиот народ!" |
11. | И пак: "Славете Го Господа сите народи! Нека Го прославуваат сите луѓе!" |
12. | И пак Исаија вели: "Ќе се јави подник од Јесеевиот корен, и Оној Кој станува за да владее над народите, во Него ќе се надеваат народите!" |
13. | А Бог на надежта да ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух да изобилувате во надежта. |
14. | И јас самиот, браќа мои, уверен сум за вас, дека сте и самите полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг. |
15. | Но, за некои работи ви пишав малку послободно, за да ве потсетам дека поради благодатта која ми беше дадена од Бог, |
16. | за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу неевреите, вршејќи света служба за Божјото Евангелие, та неевреите како мој принос да бидат угодни, и осветени преку Светиот Дух. |
17. | И така, во Христос Исус најдов причина за пофалба во нештата кои се однесуваат на Бог, |
18. | зашто не се осмелувам да зборувам за нешто друго освен за она што Христос го изврши преку мене, од кое произлезе послушноста на народите преку збор и дело, |
19. | со силата на знаци и чуда, со силата на Духот, така што од Ерусалим и наоколу, сè до Илирик, наполно го проповедав Христовото Евангелие. |
20. | Но, при тоа не се стремев да го проповедам Евангелието таму каде што Христовото име веќе беше познато, за да не ѕидам врз туѓ темел, |
21. | туку како што е напишано: "Ќе Го видат оние на кои ништо не им беше навестено за Него, и ќе разберат оние кои не беа чуле." |
22. | Заради тоа многупати бев спречен да дојдам кај вас. |
23. | Но сега, бидејќи веќе немам поле за работа во овие краишта и затоа што копнеам веќе многу години да дојдам кај вас |
24. | кога ќе одам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека вие ќе ме испратите оттаму, откако најнапред ќе се порадувам малку со вас. |
25. | А сега одам за Ерусалим за да им послужам на светиите, |
26. | зашто Македонија и Ахаја од сè срце собраа помош за бедните меѓу светиите во Ерусалим. |
27. | Навистина, им беше мило да го сторат тоа, а и должни им се; зашто како што неевреите станаа соучесници во нивните духовни богатства, така тие се должни да им послужат во материјалните потреби. |
28. | Кога ќе го завршам ова и кога ќе им го доставам овој нивни плод, ќе тргнам за Шпанија минувајќи откај вас. |
29. | А знам дека доаѓајќи кај вас, ќе дојдам со целосен Христов благослов. |
30. | Покрај тоа, ве молам, браќа, преку нашиот Господ Исус Христос и преку љубовта на Духот, да се борите заедно со мене, молејќи Му се на Бог за мене, |
31. | за да се избавам од непокорните во Јудеја и за да им биде по волја мојата служба на светиите во Ерусалим, |
32. | та да можам, по Божја волја, радосно да дојдам кај вас и да се освежам заедно со вас. |
33. | А Бог на мирот нека е со сите вас, Амин! |
← Romans (15/16) → |