← Romans (14/16) → |
1. | Примајте го слабиот во верата, но не за да го судите неговото мислење! |
2. | Еден верува дека смее да јаде сè, а оној кој е слаб, јаде само зеленчук. |
3. | Оној што јаде, нека не го презира оној што не јаде; а оној што не јаде, нека не го осудува оној што јаде, зашто Бог го прифатил таков. |
4. | Кој си ти, што судиш туѓ слуга? Тој стои или паѓа пред својот господар, а ќе стои зашто Господ е силен да го поткрепи. |
5. | Еден ги разликува деновите, а друг сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мнение! |
6. | Кој го почитува денот, тоа го прави за Господ; кој јаде, јаде за Господ, бидејќи Му благодари на Бог; и кој не јаде, за Господ не јаде и Му благодари на Бог. |
7. | Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси, |
8. | зашто ако живееме, живееме за Господ; ако умираме - умираме за Господ. Затоа, живееме ли или умираме, Господови сме. |
9. | Христос, всушност, и затоа умре и оживеа, за да биде Господар и над мртвите и над живите. |
10. | А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Божјиот судски престол, |
11. | бидејќи е напишано: "Затоа што Сум жив - вели Господ - пред Мене ќе клекне секое колено; и секој јазик ќе Го признае Бога." |
12. | И така, секој од нас за себе ќе одговара пред Бог. |
13. | Затоа, да не се осудуваме веќе еден со друг, туку подобро да мислиме за тоа никој да не поставува пред братот пречки или соблазни! |
14. | Знам, и уверен сум во Господ Исус, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној кој смета дека нешто е нечисто, за него е нечисто. |
15. | Зашто, ако е нажален твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не сотирај го со твоето јадење оној за кого Христос умре. |
16. | И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро! |
17. | Зашто Божјото царство не се состои од јадење и пиење, туку од праведност, мир и радост во Светиот Дух. |
18. | Оној кој со ова Му служи на Христос, е по волја на Бог и е ценет од луѓето. |
19. | И така, да се стремиме кон она што е за мир и за заемно надградување! |
20. | Не урнисувај го Божјото дело заради јадење! Сè е чисто, но е зло за човекот, кој јадејќи наведува на грев. |
21. | Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто поради што твојот брат се соблазнува. |
22. | Bерата што ја имаш, имај си ја за себе пред Бог! Блажен е оној кој не се осудува себеси за она што го смета за добро. |
23. | А оној кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не јаде од вера; а сè што не е од вера, грев е. |
← Romans (14/16) → |