← Romans (10/16) → |
1. | Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бог за нив е да бидат спасени. |
2. | Зашто сведочам за нив дека имаат ревност за Бог, но не според сознанието. |
3. | Имено, не знаејќи ја Божјата праведност и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не и се покорија на Божјата праведност. |
4. | Зашто Христос е завршокот на законот за праведноста на секој што верува. |
5. | Зашто, Мојсеј пишува: "човекот кој врши праведност втемелена врз закон, ќе живее од неа." |
6. | А праведноста, која е од вера, зборува вака: "Да не речеш во своето срце: 'Кој ќе се искачи на небото?' што значи, да Го симне Христос; |
7. | или: 'Кој ќе слезе во бездната?' што значи, да Го крене Христос од мртвите!" |
8. | Но што зборува таа: "Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце," што значи, словото на верата која ние ја проповедаме. |
9. | Зашто, ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. |
10. | Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение, |
11. | бидејќи Писмото вели: "Секој кој верува во Него, нема да се засрами." |
12. | И нема разлика меѓу Евреин и Грк, зашто еден ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат, |
13. | зашто: "Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен." |
14. | Но, како ќе Го повикаат Оној во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? |
15. | И како ќе навестуваат, ако не се испратени, како што е напишано: "Колку се прекрасни нозете на оние што носат радосни вести за добри нешта!" |
16. | Но сите не ја послушаа Радосната Bест, зашто Исаија вели: "Господи, кој и поверува на нашата вест?" |
17. | И така, верата доаѓа од слушање, и тоа од слушање на Христовото слово, |
18. | па велам: Зар не чуле? Секако: "Гласот им одекна по целата земја, а нивните зборови до крајот на светот." |
19. | И си велам: Зар Израел не разбра? Мојсеј прв вели: "Ќе предизвикам љубомора кај вас спрема оние што не се народ и ќе ве разгневам со народ кој е неразумен." |
20. | А Исаија пак се осмелува да рече: "Ме најдоа оние кои не Ме бараа, и им се јавив на оние кои не прашуваа за Мене." |
21. | А за Израел зборува: "Цел ден ги протегав Своите раце кон народ непокорен и инаетлив." |
← Romans (10/16) → |