← Revelation (4/22) → |
1. | Потоа погледнав и видов: на небото имаше отворена врата, а преѓешниот глас, што го чув како труба да зборува со мене, рече: дојди ваму, горе, и ќе ти покажам што ќе се случи по ова! |
2. | Bеднаш се најдов во духот и ете, на небото имаше престол, а на престолот седеше Еден; |
3. | а Оној Кој седеше, изгледаше како камен јаспис и сард, а околу престолот имаше божилак кој прилегаше на смарагд. |
4. | И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири старешини седнати и облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни. |
5. | Од престолот излегуваа молскавици и гласови и грмежи, а пред престолот гореа седум светала, кои се седумте Божји Духови. |
6. | Пред престолот имаше нешто како стаклено море, слично на кристал, а сред престолот и околу него, четири живи суштества полни со очи и однапред и одназад. |
7. | Првото живо суштество личеше на лав, второто живо суштество на јунец, третото живо суштество имаше лице како на човек, а четвртото живо суштество личеше на орел во лет. |
8. | И секое од четирите живи суштества имаше по шест крилја, полни со очи наоколу и однатре; и дење и ноќе не престануваат да велат:"Свет, свет, свет е Господ Бог Семоќниот, Кој беше, Кој е и Кој доаѓа." |
9. | А кога живите суштества му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови, |
10. | дваесет и четирите старешини паднаа пред Оној Кој седи на престолот и Му се поклонија на Оној Кој живее во вечни векови, и ги положија своите круни пред престолот, велејќи: |
11. | "Достоен си, Господи, Боже наш, да примиш слава и чест и моќ, зашто Ти создаде сè, и поради Твојата волја суштествува и е создадено сè." |
← Revelation (4/22) → |