← Revelation (22/22) |
1. | И ми покажа река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бог и на Јагнето. |
2. | Сред неговата улица и од двете страни на реката беше дрвото на животот, кое раѓа дванаесет пати, кое секој месец го дава својот плод, а лисјата на дрвото се за исцелување на народите. |
3. | Таму нема веќе да има никакво проклетство. Престолот на Бог и на Јагнето ќе биде во него, а Неговите слуги ќе Му служат |
4. | и ќе го гледаат Неговото лице, а Неговото име ќе им биде на нивните чела. |
5. | Ноќ веќе нема да има и не ќе им биде нужна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат вечно. |
6. | И ми рече: "Зборовиве се веродостојни и вистинити; и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел за да им ги покаже на Своите слуги нештата што наскоро ќе се случат. |
7. | Еве, доаѓам скоро. Блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! |
8. | Јас, Јован, сум тој кој ги чу и ги виде овие нешта. И кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот кој ми ги покажа овие нешта. |
9. | А тој ми рече: "Не прави го тоа! Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, пророците и сите оние кои ги пазат зборовите на оваа книга. На Бог поклони Му се!" |
10. | И ми рече:" Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! |
11. | Оној Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен нека врши уште праведност; и кој е свет, нека станува уште посвет!" |
12. | Ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! |
13. | Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Завршокот. |
14. | Блажени се оние кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! |
15. | Надвор се кучињата, гатачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој кој ја сака лагата и кој лаже." |
16. | "Јас, Исус, го испратив Својот ангел за да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум Давидовиот корен и сјајната ѕвезда Деница!" |
17. | Духот и невестата велат: "Дојди!" И кој слуша нека рече: "Дојди!" И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот! |
18. | Јас му сведочам секому кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од маките опишани во оваа книга. |
19. | А ако некој одземе нешто од зборовите на книгава на ова пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга. |
20. | Оној Кој го сведочи ова, говори: "Да, доаѓам скоро!" - Амин! Да, дојди Господи Исусе! |
21. | Благодатта на Господ Исус нека биде со сите вас. |
← Revelation (22/22) |