← Revelation (15/22) → |
1. | И видов друг, голем и чудесен знак на небото: седум ангели што ги држеа седумте последни зла, зашто со нив завршува Божјиот гнев. |
2. | И видов нешто како стаклено море измешано со оган, а победниците над ѕверот и над неговата икона и на бројот на неговото име, стоеја на стакленото море и имаа Божји харфи, |
3. | и ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот служител, и песната на Јагнето, велејќи: "Големи се и прекрасни Твоите дела, Семоќен Господи Боже! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Цару на народите. |
4. | Кој не ќе се бои од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!" |
5. | Потоа видов како на небото се отвори храмот на Шаторот на сведоштвото, |
6. | а од храмот излегоа седумте ангели кои ги имаа седумте зла, облечени во чисти и светли ленени облеки и препашани со златни појаси преку градите. |
7. | А едно од четирите живи суштества им даде на седумте ангели седум златни садови полни со гневот на живиот Бог, Кој живее во вечни векови. |
8. | И храмот се наполни со дим од Божјата слава и од Неговата сила, и никој не можеше да влезе во храмот додека не завршија седумте зла на седумте ангели. |
← Revelation (15/22) → |