← Revelation (10/22) → |
1. | И видов друг силен ангел како слегува од небото, наметнат со облак, кој имаше божилак на главата. Лицето му беше како сонце, а нозете како огнени столбови, |
2. | во својата рака држеше мал свиток кој беше отворен. И ја постави својата десна нога на морето, а левата на копното, |
3. | па извика со силен глас, како лав што рика. А кога извика, седум громови зататнеа со своите гласови. |
4. | Токму кога седумте громови зататнеа, сакав да пишувам; тогаш чув глас од небото, кој велеше: "Запечати го тоа што го рекоа седумте громови, и не пишувај го!" |
5. | А ангелот, кого го видов како стои на морето и на копното, ја крена својата десница кон небото |
6. | и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови, Кој го создаде небото и она што е во него, земјата и она што е на неа, и морето со она што е во него, дека не ќе има веќе одлагање; |
7. | туку во деновите на гласот на седмиот ангел, кога тој ќе затруби, ќе се исполни Божјата тајна, како што Тој им проповедаше на своите слуги, пророците. |
8. | Гласот што го чув од небото, пак ми проговори и рече: "Оди, земи го свитокот што е отворен во раката на ангелот кој стои на морето и на копното!" |
9. | Јас отидов кај ангелот и му реков да ми го даде малиот свиток. А тој ми рече: "Земи го и изеди го! Bо стомакот ќе ти горчи, но во устата ќе ти биде благ како мед." |
10. | И го зедов малиот свиток од раката на ангелот и го изедов: во устата ми беше сладок како мед, но кога го изедов, во стомакот ми стана горчливо." |
11. | И ми беше речено: "Треба повторно да пророкуваш пред многу народи, племиња, јазици и цареви." |
← Revelation (10/22) → |