← Psalms (98/150) → |
1. | Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи, Неговата десница, Му помогна и Неговата света мишка. |
2. | Господ го објави Своето спасение, пред очите на народите ја откри Својата правда. |
3. | Се присети Он за својата милост кон Јакова и на вистината Своја кон домот Израилев; сите краишта земи го видоа спасението од Нашиот Бог. |
4. | Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј; |
5. | пејте Му на Господа со гусли, со гусли и со глас псаломски; |
6. | во труби ковани и во труби од рог затрубете пред Царот - пред Господа. |
7. | Нека шуми морето и се она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа; |
8. | да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господа! |
9. | зашто Он доа а да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда и народите - правично. |
← Psalms (98/150) → |