← Psalms (97/150) → |
1. | Господ се зацари: нека се радува земјата; нека се веселат многубројните острови. |
2. | Облак и мрак е околу Него; правда и судот се основа на Неговиот престол. |
3. | Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу. |
4. | Неговите молњи ја осветлуваат вселената; земјата гледа и трепери. |
5. | Горите се топат како восок од лицето на Господа, од лицето на Господа, по целата земја. |
6. | Небесата ја разгласуваат Неговата правда, и сите народи ја видоа Неговата слава. |
7. | Нека се засрамат сите, кои се клањаат на кипови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите ангели Негови. |
8. | Чу Сион и се зарадува, се веселат керките Јудини заради Твоите пресуди, Господи, |
9. | зашто Ти си Господи, Севишни на целата земја, повисок си од сите богови. |
10. | Вие, кои Го сакате Господа, мразете го злото! Ја чува Господ душата на своите светии; од раката на грешниците ке ги избави. |
11. | Светлина засветли над предникот, а на правите по срце - радост. |
12. | Радувајте се, праведни, во Господа и славете го споменот на светоста Негова. |
← Psalms (97/150) → |