← Psalms (96/150) → |
1. | Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо! |
2. | Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него; |
3. | разгласувајте ја ме у народите славата Негова, и на сите народи - чудесата Негови; |
4. | зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови. |
5. | Бидејки сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото. |
6. | Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие - во светилиштето Негово. |
7. | Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест; |
8. | воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови; |
9. | поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицетео Негово целата земја! |
10. | Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша. |
11. | Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува; |
12. | нека се радуваат полињата и се што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите, |
13. | пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда, и на народите - според Својата вистина. |
← Psalms (96/150) → |