← Psalms (95/150) → |
1. | Дојдете да се возрадуваме во Господа и да воскликнеме кон Бога, Спасителот наш; |
2. | да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме, |
3. | зашто Бог е велик Господ и Цар голем по целата земја. |
4. | Зашто во Неговите раце се сите краишта на земјата, а горските височини се исто така Негови. |
5. | Бидејки Негово е морето, и Он го создаде, а рацете Негови го создадоа и сувото. |
6. | Дојдете, да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец; |
7. | зашто Он е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас! |
8. | "Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, во деновите на искушението во пустињата, |
9. | каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа и ги видоа делата Мои. |
10. | Четириесет години негодуваа против тој народ и реков: овие лу е се заблудуваат во срцето свое и не ги познаа патиштата Мои, |
11. | па затоа се заколнав во гневот Свој, дека тие нема да влезат во Мојот мир." |
← Psalms (95/150) → |