← Psalms (92/150) → |
1. | Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишни, |
2. | да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја нок - Твојата вистина, |
3. | на десетострунен псалтир, со песна на гусле. |
4. | Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите созданија, и од делата на Твоите раце е зарадував. |
5. | Колку се големи делата Твои, Господи! многу се длабоки Твоите помисли! |
6. | Безумниот човек не ке може да ги узнае, и неразумниот нема да го разбере тоа. |
7. | Кога грешниците никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш, - |
8. | Ти си, Господи, Севишни секогаш! |
9. | Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ке пропаднат и ке се растураат сите што вршат беззаконие; |
10. | а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и староста моја со елеј се помазува, |
11. | и окото мое ги погледа непријателите мои, и увото мое ке чуе за побунетите против мене беззаконици. |
12. | Преведникот процути како палма, ке се издигне како кедар ливански. |
13. | Засадените во домот Господов, ке процутат во дворовите на нашиот Бог; |
14. | тие и во староста ке бидат плодни, помазани и ке живеат угодно, |
15. | за да возвестуваат дека е праведен Господ, нашиот Бог, и дека нема неправда од Него. |
← Psalms (92/150) → |