← Psalms (91/150) → |
1. | Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог. |
2. | И ке Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ке се надевам! |
3. | Зашто Он ке те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува. |
4. | Со плеките Свои ке те осени и под криљата Негови ке бидеш во сигурност: како што ке те окружува Неговата вистина. |
5. | Нема да се уплашиш од нокен страв, ни од стрела што лета дење, |
6. | од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне. |
7. | Покрај тебе ке паднат иљада, и десет иљади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат; |
8. | само ке гледаш со очите свои и ке ја гледаш отплатата на грешниците. |
9. | Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште; |
10. | зло нема да Ти се случи, и невојла нема да Ти се приближи до телото Твое; |
11. | затоа што ке им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои. |
12. | Kе Те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата Своја; |
13. | на отровница и на змија ке нагазуваш, лав и змеј ке убиваш. |
14. | "Бидејки се надеваше на Мене, и ке го избавам, и ке го заштитам, зашто го позна името Мое. |
15. | Kе повика кон Мене, и ке го чујам; со него сум во невоља; ке го избавам и ке го прославам, |
16. | ке му дадам многу денови и ке му го јавам спасението од Мене." |
← Psalms (91/150) → |