← Psalms (90/150) → |
1. | Господи, Ти си ни прибежиште од род во род. |
2. | Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и за секогаш Ти постоиш. |
3. | Не вракај го човекот во прав, бидејки си рекол: "обратете се синови човечки!" |
4. | Зашто пред Твоите очи иљада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку нокта. |
5. | Годините нивни минуваат; тие се како трева - изутрина; |
6. | наутро ке процути и ке помине, а навечер па а и се исушува. |
7. | Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме во забуна. |
8. | Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, векот наш е во светлината на лицето Твое. |
9. | Сите наши дни се скратуваат и од Твојот гнев исчезнуваат, па веке не нема; нашите години се трудеа како пајак. |
10. | Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеке време од нив се во труд и болести, бидејки брзо минуваат и ние летаме со нив. |
11. | Која ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши? |
12. | Научи не така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце. |
13. | Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги. |
14. | Се исполнивме изутрина со Твојата милост, Господи, и се зарадувавме и се развеселивме во сите наши дни, |
15. | се развеселивме за оние дни, кога не понизуваше, за годините, во кои видовме зло. |
16. | па призри на слугите Твои и на делата Твои, и научи ги синовите нивни. |
17. | И славата на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и во делата на рацете наши помагај ни. |
← Psalms (90/150) → |