← Psalms (9/150) → |
1. | Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свои, ги известувам сите чудеса Твои; |
2. | се радувам и се веселам во Тебе, му пеам на името Твое, Севишни. |
3. | Кога се вратија непријателите мои, се сопнаа, изгубија сила и погинаа од лицето Твое. |
4. | Бидејки донесе пресуда за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, судија праведен. |
5. | Им запрети на народите и загина нечестивиот; името му го затре за сите векови. |
6. | Непријателот остана сосема без оружје; градовите Му ги разруши, и погина споменот за нив. |
7. | Но Господ секогаш живее; го подготвил престолот Свој за суд; |
8. | Он ке и суди на вселената по правда, на лу ето ке им суди право. |
9. | И ке му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во невоља. |
10. | Па нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејки не ги оставаш оние што Те бараат. |
11. | Пејте Му на Господа Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови; |
12. | бидејки Он се одмаздува за крв; ја помни; не ги заборава пискотите на неволниците. |
13. | Смулуј се, Господи на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од вратата на смртта. |
14. | За да ги кажувам сите похвали за Тебе пред вратите на керката Сионска и да го прославувам спасението Твое. |
15. | Пропа аа народите во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна. |
16. | Го познаа Господа, Кој суди; во делата на рацете Негови грешникот се заплетува. |
17. | Kе се вратат во пеколот сите грешници, и сите народи, кои Бога Го забораваат. |
18. | Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане. |
19. | Стани, Господи, за да не се засили човекот, и народите да примаат суд пред Тебе. |
20. | Постави, Господи, законоположник над нив, за да разберат незнабожците дека се лу е. |
← Psalms (9/150) → |