← Psalms (89/150) → |
1. | Милоста, Твоја, Господи, вечно ке ја воспевам, од род во род ке ја разгласувам со устата своја Твојата вистина. |
2. | Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата вистина. |
3. | "Јас поставив завет со Моите избраници, му се заколнав на Мојот слуга Давида: |
4. | за вечност ке го одржувам твоето потомство, од род во род и ке го утврдувам твојот престол." |
5. | И небото ке ги прославува. Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите. |
6. | Зашто, кој на облаците ке се споредува со Господа и кој од синовите Божји ке се изедначи со Господа? |
7. | Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што Го окружуваат. |
8. | Господи, Боже на силите, кој е еднаков со Тебе. Силен Си Ти, Господи, и вистината Твоја е околу Тебе. |
9. | Ти управуваш со силата морска и силните бранови негови, Ти ги скротуваш. |
10. | Ти го поразуваш гордиот како ранет, со Твојата крепка рака ги распрснуваш непријателите Свои. |
11. | Твои се небесата и твоја е земјата; вселената и она, што ја исполнува, Ти си ја основал. |
12. | Север и југ Ти си ги создал; Тавор и Ермон за Твоето име се радуваат. |
13. | Силна е Твојата мишка, црвста е раката Твоја, високо е издигната десницата Твоја! |
14. | Правдата и судот се основа на Твојот престол; милоста и вистината одат пред Твоето лице. |
15. | Блажени се лу ето, што го познаваат трубниот глас. Тие одат во светлината на Твоето лице, Господи; |
16. | за Твоето име се радуваат цел ден и со Твојата правда се возвишуваат, |
17. | зашто Ти си похвала на силите нивни и со Твоето благоволение се издига нашито рог, |
18. | бидејки нашата заштита доа а од Господа и од светецот Израилев, нашиот Цар. |
19. | Некогаш Ти си им зборувал на Твоите синови во видение и си рекол: "Јас му дадов помош на силниот, го издигнав избраникот ме у Мојот народ. |
20. | Го најдов Мојот слуга Давида; со својот свет елеј го помазав. |
21. | Раката Моја ке го застапува, и мишката моја ке го закрепнува. |
22. | Непријателот не ке може ништо да му направи,и синот на беззаконието нема да го измачува. |
23. | Kе ги уништам пред него непријателите негови и ке ги победам оние, што го мразат. |
24. | И Мојата вистина и Мојата милост се со него, и преку Моето име ке се возвишува неговиот рог. |
25. | И ке ја положам над морето раката негова, и над реките - десницата негова. |
26. | Тој ке ме призива: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение. |
27. | И Јас ке го направам првороден син, повисоко од земните цареви, |
28. | засекогаш ке му ја зачувам Мојата милост и Мојот завет со него да биде верен. |
29. | И ке го продолжам за секогаш неговото потомство и неговиот престол, - колку деновите на небото. |
30. | Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди; |
31. | ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите повелби, |
32. | тогаш ке ги посетам со жезалот поради нивното беззаконие, и со рани - заради неправдите нивни; |
33. | но милоста Своја нема да ја одземам од него и вистината нема да ја превртам. |
34. | Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја. |
35. | Еднаш се заколнав во светоста Своја: ке ги излажам ли Давида? |
36. | Неговото потомство вечно ке пребива, неговиот престол ке биде како сонце пред Мене, |
37. | засекогаш ке стои како месечината; и верен сведок е на небото." |
38. | Но Ти го отфрли и го презре, негодуваше на Твојот помазаник; |
39. | го разруши заветот со Твојот слуга, го оскверни светилиштето негово на земјата; |
40. | ги разруши сите негови огради, ги претвори во урнатини неговите крепости. |
41. | Го ограбуваат сите што поминуваат по патот; тој стана за потсмев на своите соседи. |
42. | Ти ја возвиши десницата на неговите противници, ги зарадува сите непријатели негови; |
43. | Ти му откажа помош на мечот негов и во борбата не го поткрепи; |
44. | ја одзеде од него чистотата и го урна на земја престолот негов; |
45. | ги скрати деновите на времето негово и го покри со срам. |
46. | До кога, Господи, ке се одрвака непрестајно? Го кога ке гори гневот Твој како оган. |
47. | Спомни си, колкав е векот мој: за каква суета си ги создал сите синови човечки. |
48. | Кој од лу ето ке живее, а смрт да не види, и да ја спаси душата од пеколот? |
49. | Каде се Твоите поранешни милости, Господи, за кои му се заколна на Давида во Твојата вистина. |
50. | Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи; |
51. | на подбивите од Твоите непријатели, Господи, со кои ја валкаат трагата на Твојот помазаник. |
52. | Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин! |
← Psalms (89/150) → |