← Psalms (88/150) → |
1. | Господи, Боже на моето спасение, дење Те призивам и ноке сум пред Тебе: |
2. | за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи, |
3. | зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот. |
4. | Се изедначив со оние, што слегуваат во гроб; станав како човек без помош - слободен ме у мртвите; |
5. | како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веке не се секаваш; тие се оттурнани од Твојата рака. |
6. | Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. |
7. | Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш. |
8. | Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам. |
9. | Очите мои ослабеа од сиромаштија: цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе. |
10. | Зар на мртовци ке правиш чуда? Зар сенките ке се кренат и ке Те слават? |
11. | Зар во гроб некој ке кажува за твојата милост и за Твојата вистина - местото на распа ањето? |
12. | Зар во темнината ке ги познаат Твоите чудеса, и во земјата на заборавот - твојата правда? |
13. | Но јас повикав кон Тебе, Господи, и наутро молитвата моја Те испреварува. |
14. | Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвракаш лицето Свое од мене? |
15. | Јас сум несрекен и од младини се мачам; се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум. |
16. | Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија. |
17. | Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат. |
18. | Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат. |
← Psalms (88/150) → |