← Psalms (85/150) → |
1. | Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова. |
2. | Ти им ги прости беззаконијата на Твоите лу е, ги покри сите нивни гревови, |
3. | го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој. |
4. | Поврати не, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас. |
5. | Зар вечно ке се гневиш на нас, или ке го протегнеш гневот Свој од род во род? |
6. | Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да не оживееш, и лу ето Твои да се зарадуваат во Тебе? |
7. | Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение. |
8. | Kе чујам што ке ми рече Господ Бог, зашто Он ке зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обракаат Нему. |
9. | Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја. |
10. | Милоста и вистината ке се сретнат, правдата и мирот ке се целиваат. |
11. | Вистината ке изникне од земјата, а правдата ке се појави од небото; |
12. | Зашто Господ ке даде добро, и нашата земја ке го даде својот плод; |
13. | правдата ке оди пред Него и на патот ке ги става стапките свои. |
← Psalms (85/150) → |