| ← Psalms (84/150) → |
| 1. | Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите! |
| 2. | Копнее душата моја сакајки да е во Господовите дворови; срето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог. |
| 3. | И птичката си нао а живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ке ги положи пиоњата свои, а јас при олтарите Твои, Господи на силите, Цару мој и Боже мој! |
| 4. | Блажени се оние, кои живеат во домот Твој тие постојано Те фалат. |
| 5. | Балажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои. |
| 6. | Преминувајки ја долината на плачот, тие нао аат извори во неа, и дожд ја покрива со благослови; |
| 7. | минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион. |
| 8. | Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов! |
| 9. | Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник! |
| 10. | Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку - иљада дни надвор. Повеке сакам да бидат на прагот пред Божјиот дон, отколку да живеам во населбите на грешниците. |
| 11. | Бидејки Господ Бог сака милост и вистина, дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно. |
| 12. | Господ на силите, блажен е оној човек, кој се надева на Тебе! |
| ← Psalms (84/150) → |