← Psalms (83/150) → |
1. | Боже, кој може да се спореди со Тебе? Не премолчувај, и не смирувај се Боже, |
2. | зашто ете Твоите непријатели вреват, а оние, што Те мразат, кренаа глава; |
3. | против Твојот народ зло наумија и се советуваат против светите Твои; |
4. | рекоа: "Да отидеме и да го истребиме ме у народите, па да не се спомнува повеке името Израил." |
5. | Се договорија еднодушно, склучија против Тебе сојуз; |
6. | населбите Едомови и Исмаилски, Моав и Агарјани; |
7. | Гавал, Амон, Амалик и другоплемениците се оние што живеат во Тир, |
8. | бидејки и Асур се придружи кон нив, па станаа помош за синовите Лотови. |
9. | Направи ми го истото, како што им направи на Мадијамците, како и на Сисарите, како и на Јавин кај потокот Кисон, |
10. | кои беа истребени во Аендор и станаа убре за земјата. |
11. | Постапи со нив, со нивните кнезови, како со Орив и Зива и со сите нивни кнезови, како со Зевеј и Саламан, |
12. | бидејки велат: "Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо!" |
13. | Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар; |
14. | како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори. |
15. | Така и Ти подгони ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи! |
16. | исполни ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи! |
17. | Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат, |
18. | и да познаат, дека името Ти е Господ, и дека Ти си единствен Севишен над целата земја. |
← Psalms (83/150) → |