← Psalms (81/150) → |
1. | Радувајте се во Бога, нашиот помошник, воскликнете кон Бога Јаковов; |
2. | запејте песна, удрете во тимпан, во милозвучно гусле со псалтир; |
3. | затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник, |
4. | зашто тоа е закон за Израилот, наредба од Бога Јаковов. |
5. | Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја, каде што чу јазик, што не го знаеше: |
6. | "Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата. |
7. | Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав. |
8. | Чуј, народе Мој, и Јас ке ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле! |
9. | Да немаш друг бог и да не му се клањаш на друг земен бог. |
10. | Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ке ја исполнам. |
11. | Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се поклони; |
12. | затоа Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои. |
13. | О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта, |
14. | веднаш ке ги смирев нивните непријатели и ке ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа." |
15. | Оние, што го мразат Господа, сакаа да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш; |
16. | ке ги хранев со најдобра пченица и ке ги наситував со мед од камен. |
← Psalms (81/150) → |