← Psalms (80/150) → |
1. | Пастиру Израилев, послушај! Ти, Кој го водиш Јосифа како стадо, Кој седиш на херувимите, јави се! |
2. | Пред Ефрема, Венијамина и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да не спасиш. |
3. | Боже, поврати не; нека светне лицето Твое, и ние ке се спасиме! |
4. | Господи, Боже на силите, до кога ке бидеш гневен на молитвата од слугите Твои? |
5. | Kе не храниш ли со солзлив леб, и напојуваш со солзи изобилно? |
6. | Не направи приказ за кавги ме у нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат. |
7. | Господи, Боже на силите, поврати не! Нека светне лицето Твое, и ние ке се спасиме! |
8. | Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади; |
9. | исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата. |
10. | Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките и се како кедрови Божји; |
11. | таа пушти гранки до морето и младици до реката. |
12. | Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот? |
13. | Горскиот вепар ја подгризува, и полската sверка ја јаде. |
14. | Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје; |
15. | и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот човечки, што си го зацврстил за Себе. |
16. | Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат. |
17. | Твојата десница нека биде раката Твоја над човекот, и на синот човечки, кого си го зацврстила за Себе. |
18. | А ние нема да отстапиме од Тебе; оживи не, и ние ке го призиваме Твоето име. |
19. | Господи, Боже на силите, поврати не; нека свети лицето Твое, и ние ке се спасиме! |
← Psalms (80/150) → |