← Psalms (8/150) → |
1. | Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата. |
2. | Од устата на младенците и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмаздникот. |
3. | Кога ке ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и sвездите, што си ги поставил Ти: |
4. | Што е тоа човек, та се секаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш? |
5. | Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал, |
6. | и си го поставил над делата од рацете Твои, и се си потчинил под нозете негови; |
7. | овците и воловите сите, и sверовите полски; |
8. | птиците небески и рибите морски, се што се движи по морските патишта. |
9. | Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја! |
← Psalms (8/150) → |